Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран на јужниот брег на Филипини.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри на 110 километри југоисточно од градот Мати.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.