Земјотрес ја потресе Кина

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриан денеска во југозападната кинеска провинција Сечуан, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на потресот бил на околу два километри од местото Силуодо, со жариште на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Засега нема инфромации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, иако потресите на помала длабочина можат да бидат со поголема разорна моќ.

Епицентарот на денешниот земјотрес е на околу 100 километри од границата на соседната провинција Јунан, која пред две недели беше погодена од потрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтер, во кој загинаа 615 лица, а над 2.400 беа повредени.

Сечуан пак во мај 2008 година беше погоден од земјотрес со јачина од 8,0 степени при што загинаа десетици илјади лица.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски