Земјите од Персискиот Залив бараат инспектори на МААЕ во Бушер

Од:

Земјите-членки на Советот за соработка во Персискиот Залив побараа денеска во иранската нуклеарка Бушер да се испратат меѓународни инспектори, бидејќи стравуваат од можно ширење на радијација во регионот, доколку објектот претрпи оштетувања во земјотрес.

Шефот на Советот Абдулатиф ал Зајани изјави дека од Меѓународната агенција за атомска енергија е побарано да испрати специјалнизиран технички тим за да ја испита нуклеарката Бушер и да ја истражи можната штета.

Советот за соработка во Перискиот Залив оваа порака ја испрати од состанокот организиран во Ријад, откако минатата недела земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала погоди област во Иран во близина на нуклеарната централа.

Иранските власти и руските конструктори на електраната тврдат дека во земјотресот објектот не претрпел никакви оштетувања.

Меѓутоа Бушер се наоѓа на исклучително трусно подрачје во јужен Иран, што предизвикува загриженост кај соседните земји, со оглед на тоа дека веторовите во Персискиот Залив евентуалната радијација би можеле да ја донесат до катарската престолнина, Доха и главно пристаниште за извоз на нафта од Емиратите.

Зајани на почетокот на денешниот состанок изјави дека земјите во регионот мораат да имаат заеднички план за да се соочат со потенцијалното истекување на радијација од иранскиот објект и го повикаа Иран да ги почитува меѓународните безбедносни стандарди.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината