Земјите од Меѓународната агенција за енергија пуштаат 120 милиони барели нафта за да ги стабилизираат цените

Од:

Членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ќе испратат 120 милиони барели нафта од нивните резерви на пазарот за да ја намалат цената на овој енергетски ресурс, соопшти Блумберг.

„ИЕА ќе пушти 120 милиони барели нафта за да ги намали цените“, се вели во соопштението.

Според агенцијата, американскиот придонес ќе изнесува 60 милиони барели, а останатото количество ќе биде распределено меѓу земјите-членки на организацијата. Со оглед на претходно објавените планови на САД за снабдување со дополнителни 180 милиони барели нафта од своите стратешки резерви, на пазарот ќе се појават вкупно 240 милиони барели нафта (180 милиони барели од САД и 60 милиони барели од земјите на ИЕА).

За време на постоењето на организацијата вакви одлуки беа донесени во 1991, 2005, 2011 и 1 март 2022. Претходно на пазарот беа пласирани 62,7 милиони барели нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста