Покрај 17-те милијарди евра што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и ги одобри како помош на Украина, оваа поранешната советска република ќе има на располагање уште 18 милијарди евра од земјите на Групата Г-7, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ова е одлучено на синоќешниот состанок на шефовите на држави или влади на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија во Брисел, на кој главна тема беше состојбата во Украина.
Според соопштението објавено по синоќешниот состанок, земјите од Г-7 се посветени да продолжат да работат со Украина за поддршка на економскиот развој, суверенитетот и територијалниот интегритет.
Притоа, претседателите Барак Обама (САД), Франсоа Оланд (Франција), германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери од Г-7, го охрабруваат исполнувањето на обврската на Украина за извршување на тешки реформи што ќе бидат од клучно значење за поддршка на економската стабилност и раст на приватниот сектор.
– Ја поздравуваме одлуката на ММФ го одобри програма од 17 милијарди долари за Украина, која ќе закрепне и преку другите билатерални и мултилатерални помош и заеми, вклучувајќи околу 18 милијарди долари предвидени од Г-7. Ние го поддржуваме механизмот за меѓународна донаторска координација за да се обезбеди ефикасна испорака на економска помош и ние ја поздравуваме намерата на Европската унија да одржи координативен состанок на високо ниво во Брисел, се вели во соопштението од Самитот на Г-7.
Како што претходно соопшти канцеларкат ана Германија, Меркел, лидерите на седумте најсилни светски економии, синоќа побараа крај на влијанието на Русија за дестабилизација и деескалација на состојбата во Украина или во спротивно, се заканија дека до крајот на овој месец, ќе започне третата најтешка фаза на санкции кон Москва.
Според Меркел, најголемиот дел од времето за време на работната вечера, лидерите го искористиле да разговараате за ситуацијата во Украина. Според неа, тие дискутирале за претседателските избори што се одржаа во оваа земја во сабота, за новоизбраниот претседател Петро Порошенко и неговата инаугурација во сабота.
Сепак, во соопштението по состанокот, се наведува и дека лидерите на Г-7 дискутирале и за Сирија, при што го осудиле режимот на Башар Ал-Асад, којм според нив, придонел „за смртта на над 160 илјади лица“.
Тие, исто така, ги осудуваат неодамнешните насилства во Либија и на воените судири во Мали и Централната Африканска Република.
Лидерите на Г-7 го поддржале и дипломатското решение за иранското нуклеарно прашање и ја осудиле Северна Кореја за понатамошниот развој на нуклеарно оружје и програми за балистички ракети.
САД биле поддржани за напорите за воспоставување на траен мир на Блискиот Исток, а позитивна оценка добил и првиот круг на изборите за претседател на Авганистан, што според Г-7 води кон демократија, сувереност и обединување на Исламската република.
Лидерите на најмоќните држави во светот ја потврдије својата посветеност на заштитата и унапредувањето на човековите права и основните слободи, вклучително и верските слободи за сите лица.
– Ние ја препознаваме потребата да се покаже решителност во промоцијата на родовата еднаквост, укинување на сите форми на дискриминација и насилство врз жените и девојките, да се стави крај на присилните бракови на деца и да се промовира целосно учество и јакнење на правата на сите жени и девојки, се вели во завршната точка од соопштението по синоќешниот состанок на земјите од Г-7.