Земјите од ЕУ ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за украинските бегалци

Од:

Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за помош на украинските бегалци, јави ДПА.

Средствата ќе се обезбедат од европските фондови за регионален развој. Одлуката за нивно обезбедување денеска во Луксембург ја донесоа министрите за правда на земјите од ЕУ.

Ослободувањето на средствата беше предложено од Европската Комисија и одобрено од Европскиот Парламент.

Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 7,6 милиони луѓе побегнале во други европски земји, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Истражување: Повеќе од една третина од украинските бегалци планираат да останат во Германија

А1он

Полска се подготвува да прими нов бран украински бегалци

А1он

Бројот Украинци што влегуваат во ЕУ на ниво од пред војната

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска