Земјите-членки на ЕУ изразија загриженост поради растот на антисемитизмот

Од:

Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно усвоија декларацијаво која изразуваат загриженост поради пораст на антисемитизмот.

Во декларацијата се наведува дека е многу загрижувачки растот на закани против Евреите во Европа, посебно повторното појавување на конспирациски митови, јавно изразување на антисемитизам, посбено во контекст на пандемијата соКовид-19, како и пораст на антисемитски инциденти и злосторства од омраза.

Во документот се истакнува дека борбата против антисемитизмот треба да се решава на повеќе нивоа на власта – локално, национално и европско.

– Секој облик на антисемитизам, нетолеранција или расна омраза е неспоив со вредностите и целите на ЕУ и нејзините членки, се наведува во декларацијата и се додава дека земјите-членки на ЕУ мора да jа гарантираат безбедност на еврејските заедници и институции.

– Европа цврсто стои против сите облици на антисемитизам. Евреите се и секогаш ќе бидат дел од европските држави и нашиот начин на живот. Обврските што денеска ги презедоа земјите-членки се уште една потврда на тој факт, изјави потпретседателот на Комисијата за унапредување на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер