Научниците спроведоа најново истражување врз основа на кое успеаа да ја реконструираат историјата на температурата на земјата, од крајот на последното ледено доба, пред готово 11.000 години.
Врз основа на примероците од фосили и други соберени податоци од 73 места ширум земјата, во ова истражување потврдија дека во последните десет години било потопло речиси 80 проценти, отколку во последните 11.000 години.
-Во последните 100 години ние заминавме од ладно на топло. Никогаш не видов вакви брзи промени, дури и во летниот период глобалната температура не се менуваше така бргу- изјави Шон Маркот од Универзитетот во Орегон.
Сите климатски модели предвидуваат Земјината атмосфера во наредните децении да биде потопла, него било кога од крајот на леденото време.
Според последните податоци, Земјата се ладела за 0,8 степени Целзиусови во текот на последните 5.000 години. Меѓутоа температурата во последните 100 години, повторно порасна, особено во северната хемисфера.
Уште еден научник кој се занимава со истата проблематика, Џеф Северингхаус од Институтот за океанографија смета дека во текот на 12.000 години, барем на Гренланд температурите многу се промениле.