Земан: За пет години Чешка може да стане дел од еврозоната

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан оцени дека Чешка за пет години би можела да го прифати еврото како национална валута и да стане членка на еврозоната, јави дописникот на МИА од Прага.

Пренесувајќи ја изјавата на Земан, германскиот весник „Пасауер Ное Пресе“, коментира дека ова е значителен пресврт, со оглед на фактот што неговиот претходник, евроскептикот Вацлав Клаус имаше негативен став кон воведувањето на еврото во Чешка.

Во интервју за весникот, Земан се осврна и на иднината на Европската унија нагласувајќи дека не се согласува со прием на Турција во членство. Од друга страна, за него не е нереално Русија да биде дел од Унијата, но дури за 20 години.

Во врска со приоритетите на надворешната политика на ЕУ, претседателот на Чешка смета дека приоритет е борбата против тероризмот „вклучувајќи го и исламскиот тероризам“, притоа јасно изразувајќи воља за поголемо учество од чешка страна.

– Во претседателската кампања не користев антигермански стереотипи. Секој кој мисли дека сегашната Германија е нацистичка, тој ја навредува земјата, додава Земан.

Тој сепак ја поддржува неговата претходна изјава дека Судетските Германци биле петта колона на Адолф Хитлер. Овој факт, според него, „историчарите генерално го прифатиле“ по Втората светска војна.

Земан не гледа причина зошто вреднувањето на минатото би влијаело на актуелните и идните односи на Чешка со Германија

Чешкиот претседател Земан го поздравува создавањето на Еврорегион, кој треба да ги спречи тензиите со корените во минатото.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица