Земан: Прво решете ги своите проблеми па ставајте го тибетското знаме

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан за време на неговата посета на чешкиот град Либерец индиректно го осуди веењето на тибетското знаме, што стана пракса во повеќе општини во знак на поддршка на независноста на Тибет.

– Оние кои го вејат знамето на Тибет, најверојатно ги имаат решено сите проблеми во нивната заедница па можат да се занимаваат и со проблемите на одалеченост од неколку илјади километри, рече Земан при една од своите редовни посети на локалните самоуправи.

Ова може да се сфати како опомена токму на гувернерот на либерецката област Мартин Пута, кој секоја пролет го подига тибетското знаме на седиштето на регионалната канцеларија.

Според Земан, тој што го поставува знамето на Тибет би требало да си постави прашање дали посакува независност на Тибет и враќање во историските години како 1913-1951, кога постоела некаква демократија со елементи на феудализам и робовство или пак копнее за автономија на земјата како на пример на Хонг Гонг, кој сепак е дел од Кина.

Земан додаде дека се согласува со мислењето на чешкиот премиер Бохуслав Соботка кој се изјасни за непризнавање на тибетското знаме.

– Правилата мора да важат за сите. Не можеме на една земја да и кажуваме да се откаже од својата територија, а да протестираме против анексијата на Крим, смета Земан.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски

Екипите трагаат по преживеани под урнатините по последниот силен земјотрес во Тибет