Земан и Соботка ќе разговараат за промени во Владата

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска ќе се сретне со премиерот Бохуслав Соботка во врска со реконструкцијата на дел од Владата, јави дописникот на МИА од Прага.

Соботка, промените ги најави минатата недела не прецизирајќи ги имињата на министрите кои ќе бидат сменети.

Тој, коментирајќи ги лошите резултати на неговата Социјалдемократска партија (ЧССД) на неодамнешните регионални и сенатски избори, оцени дека дел од министрите се ,,уморни и треба да се заменат”.

Според медиумите, најголеми шанси да бидат сменети имаат министерот за здравство Сватоплук Њемечек и министерот за човекови права Јиржи Динстбир.

Претседателот Земан пак, за време на викендот, го повика министерот за култура Даниел Херман да си поднесе оставка. Со него, Земан е во спор веќе неколку недели, заради изјавата на Херман дека претседателот го уценувал дека нема да му додели државно признание на неговиот роднина Јиржи Бради доколку се сретне со тибетскиот водач Далај Лама при неговата посета на Чешка. Херман се сретна со Далај Лама, а неговиот роднина не го доби државното признание.

Претседателите на коалиционите партнери, вицепремиерите Андреј Бабиш и Павел Бјелобрадек изјавија дека не гледаат причина за реконструкција на министрите кои тие ги номинирале.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага