Земан е избран за претседател на Чешка

Од:

Граѓаните на Чешка, гласајќи за прв пат на директни, непосредни избори за претседател го избраа поранешниот премиер и екс лидер на социјалдемократите Милош Земан, јави дописникот на МИА од Прага.

Според првичните, се уште нецелосни резултати од денешното финале, по пребројани 96 проценти од избирачките места, новоизбраниот претседател освои 55,5 проценти од гласовите наспроти неговиот противкандидат, актуелниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг за кого гласале 44,5 отсто од гласачите.

Левичарот Милош Земан е трет по ред претседател на самостојна Чешка.

На актуелниот Вацлав Клаус, кој на функцијата претседател е од февруари 2003 година, ова му е втор мандат и според чешкиот Устав не може повторно да се кандидира на таа функција.

Прв претседател на Чешка беше Вацлав Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година.
Милош Земан е роден 1944 година и беше претседател на чешката Влада од 1998-2002 година, како и лидер на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) и претседател на Долниот дом на чешкиот Парламент.

До 2010 година кога ја формираше Партијата за правата на граѓаните- Земановци (СПОЗ) неколку години се повлече како пензионер живеејќи селски живот.

По неуспехот на парламентарните избори истата година, ја напушти лидерската функција и стана почесен претседател на партијата.

Излезноста, според моментно достапните информации била над 50 проценти.
Примопредавањето на власта ќе се одржи на 8 март 2013 година кога новиот претседател ќе положи заклетва.

Би можело да ве интересира

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка