Земан: Антируските санкции стратегија со која сите губат

Од:

Претседателот на Чешка, Милош Земан, изјави дека западната политика на антируски санкции претставува препрека за довербата, оценувајќи дека тоа е стратегија со која сите губат.

– Таквите чекори на ниту еден начин не помагаат во развојот на взаемните односи и ја загрозуваат довербата. Постои израз стратегија со која сите добиваат, како двојна победа. Политиката на санкции би ја нарекол стратегија со која сите губат, вели Земан во интервју за московскиот весник „Росискаја газета“.

Коментирајќи го приливот на бегалци од Блискиот Исток, Земан нагласи дека таквиот судир на културите создава закана за европските вредности.

– Гледам што се случува во Белгија, Франција, Германија и други соседни земји поради приливот на мигранти од Блискиот Исток и северна Африка. Тука станува збор за целосно различна култура, која не е компатибилна со нашите европски вредности, смета Земан.

Проблемот е во тоа што, тврди Земан, ЕУ не е навикната на кризи и не е способна брзо да реагира на нив.

– Илегалната миграција е голема криза и можеби најсериозниот тест за ЕУ во целата нејзина историја, нагласи чешкиот претседател и додаде дека можното решение за мигрантската криза е целосно затворање на надворешните граници на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он