Зеленски: Зборуваат за Украина без Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше средбата меѓу американските и руските претставници во Ријад, нарекувајќи ја „разговорите за Украина без Украина“. Да потсетиме, ниту еден украински функционер не беше поканет на преговорите.

Зеленски зборуваше на прес-конференција во турската престолнина Анкара, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Денес детално разговаравме за глобалните процеси кои би можеле да доведат до крај на оваа војна“, рече Зеленски, додавајќи дека разгледувале различни опции.

Тој нагласи дека „фундаментално е какви било разговори за завршување на војната да не се водат зад грбот на страните директно вклучени во неа“.

За траен мир, рече тој, „важно е да не се прават грешки“.

„Сите страни мора да бидат на преговарачка маса – Америка, Европа и Украина“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина