Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Од:

Мобилизацијата во Украина трае од почетокот на инвазијата во полн обем, а измените на Законот, кои денеска беа усвоени од парламентот, имаат за цел зајакнување на контролата по ова прашање и поддршка на армијата во спроведувањето на ротации и одобрување на отсуство, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски

„Што се однесува до мобилизацијата, најпрво би сакал сите да разберат: имаме војна, вонредна состојба, а спроведувањето на вонредната состојба е спроведување на мобилизација. Мобилизацијата се одвива според роковите, според законот, продолжува на секои три месеци континуирано од почетокот на војната, нема ништо ново“, рече Зеленски на прес-конференција во Вилнус по повод усвојувањето на измените на законот за мобилизација во Врховната Рада.

Според неговите зборови, измените на Законот за мобилизација и воена регистрација се усвоени денеска во второ читање на барање на воениот врв, пренесува Укринформ.

Би можело да ве интересира

Се огласи Зеленски и рече дека му е жал за спорот во Белата куќа

Горан Наумовски

Зеленски е подготвен да потпише договор за минерали и безбедност со САД

Горан Наумовски

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа