Зеленски: Загубите на Русија се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во најновото ноќно обраќање, рече дека загубите на Русија во Украина се поголеми отколку во Сирија, Чеченија и Авганистан, пренесува Би-Би-Си.

Обраќајќи им се на Русите во Русија, Зеленски рече: „Руските сили трпат такви загуби во Украина какви што немаше ниту во Сирија ниту во Чеченија. Ниту советските сили претрпеа такви загуби во Авганистан“.

Неговата порака веројатно нема да ја слушнат многумина во Русија, каде информациите за војната се строго контролирани.
Не е познато како Зеленски дошол до тие податоци.

Додека Москва зборува за околу 500 убиени војници, американската разузнавачка служба проценува дека повеќе од 7.000 Руси загинале за време на инвазијата на Украина.

Според различни проценки, околу 15.000 советски војници биле убиени во авганистанската војна (1979-89), најмалку 13.000 руски војници во чеченската војна и неколку стотици во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Зеленски е оптимист во врска со притисокот на САД врз Москва да стави крај на руската агресија врз Украина

А1он