Зеленски за прв пат објави колку украински војници загинале во војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на војната се убиени 31.000 украински војници. Тој додаде дека не сака да го открие бројот на ранетите бидејќи тоа ќе и помогне на руската армија во нејзините понатамошни планови. Украинскиот претседател изјави и дека десетици илјади цивили во окупираните делови на земјата се убиени.

Ова е првпат Зеленски да го соопшти конкретниот број на загинати војници. Вообичаено, украинските власти не ги објавуваат овие бројки.

Да потсетиме, Зеленски пред два дена во интервју за каналот Фокс њуз изјави дека се убиени десетици илјади војници. Зеленски разговараше со американскиот водител на Фокс њуз, Брет Баер, на една од локациите во близина на линијата на фронтот во Харков.

Одговарајќи на прашањето зошто се разрешени врховниот командант на армијата Валериј Залужни и остатокот од раководството на украинските вооружени сили, Зеленски рече дека станува збор за „ресетирање“, реструктуирање и промена на раководството на воената команда.

„Мораме да бидеме побрзи. Тоа значи да се ослободиме од сета бирократија што ја имаме. Во спротивно, немаме шанси“, изјави тој за Фокс њуз.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата