Зеленски за изјавата на Бајден: Нема помали напади, исто како што нема помали жртви

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на коментарите на американскиот колега Џо Бајден за руската „мала инвазија“ на неговата земја.

Бајден рече дека „помал“ напад може да доведе до послаб одговор од САД и нивните сојузници.

Како одговор, Зеленски на Твитер напиша: „Нема помали напади. Исто како што нема помали жртви и мала тага поради загубата на најблиските“.

Русија има околу 100.000 војници во близина на границата, но негира дека планира инвазија.

Рускиот претседател Владимир Путин упати голем број барања до Западот, настојувајќи Украина никогаш да не се приклучи кон НАТО и Алијансата да се откаже од воена активност во Источна Европа.

Во средата, претседателот Бајден на прес-конференција рече дека Путин ќе плати „сериозна и скапа цена“ за инвазија на Украина, посочувајќи дека ќе зависи од начинот како Русија ќе го направи тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Зеленски е оптимист во врска со притисокот на САД врз Москва да стави крај на руската агресија врз Украина

А1он

Захарова: Негрижа на Зеленски за животите на Украинците

А1он

Зеленски: САД не ја прекинаа воената помош за Украина

А1он