Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно“ додека Русија не биде поразена и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна.
„Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против русизмот“, изјави украинскиот претседател Зеленски.
„Тоа мора да биде судење на оние кои уништуваат животи и луѓе, кои пукаат ракети кон музеи и наведувани бомби врз цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, најави Зеленски.