Зеленски вели дека приемот на Украина ќе го зајакне НАТО

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно побара неговата земја наскоро да биде примена во НАТО, нагласувајќи дека НАТО ќе биде уште посилен со пристапот на Украина. Зеленски рече дека во средата разговарал со полскиот претседател Анджеј Дуда за самитот на НАТО во јули во Вилнус.

„Ова е моментот кога треба целосно да ги уништиме руските сфаќања дека некој во НАТО сè уште се плаши од нив“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање. „Таквите претпоставки ги поттикнуваат агресивните амбиции на Русија. Мораме и можеме да ги неутрализираме“, додаде тој.

Украинскиот претседател смета дека приемот на Украина во НАТО ќе го зајакне тој воен сојуз. Зеленски зборуваше и за подготовките за конференција за обнова на Украина во Лондон, истакнувајќи дека ќе ја обнови секоја руина во земјата.

„Кога урнатините исчезнуваат, не само агресорот губи, туку и самата идеја за агресија“, рече тој. Тој повторно го критикуваше недоволното спроведување на санкциите против Русија. Тој го наведе примерот со рускиот ракетен напад врз Одеса.

Зеленски рече дека компонентите на ракетите користени во нападот биле од други земји. Русија нема да може да лансира ракети во Украина доколку санкциите се спроведуваат доследно, тврди Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија на Нова година го нападна Киев

Запре испораката на руски гас за Еврпската унија преку Украина

Илон Маск: Зеленски, ти си најголемиот шампион за грабеж

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Напад со дронови на складиште за гориво во Русија

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Катерина Ѓуровски

Путин ги заостри казните за бунт против државата

Катерина Ѓуровски