Зеленски вели дека не е запознаен со деталите од планот на Трамп за брзо завршување на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ги знае деталите за планот на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за брзо завршување на војната во Украина.

Зеленски, на прес-конференција на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, исто така рече дека не разговарал за тоа со Трамп, кој беше избран за нов претседател на САД на изборите на 5 ноември, пренесе Ројтерс.

Зеленски рече дека верува оти Трамп сака брзо да ја прекине војната меѓу Русија и Украина, но тоа не мора да значи дека тоа ќе се случи.

За време на предизборната кампања Трамп изјави дека може да го реши конфликтот во Украина за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Кралот Чарлс нема проблем што Зеленски не носи одело

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Катерина Ѓуровски

„Зеленски би трчал гол низ Њујорк, за да добие безбедносни гаранции, Американците се во заблуда“

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа