Зеленски: Важно е да се сретнам со Трамп пред тој да се сретне со Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи пред разговорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи во спротивно, како што наведе, тоа ќе биде дијалог „за Украина без Украина“.

Зеленски во интервју за Ројтерс рече дека верува дека ова, пред сè, ќе биде неправедно кон Украина, но и дека нема да обезбеди реални изгледи за завршување на војната, ниту за прекин на огнот.

– Важно е прво партнерите да разговараат, а дури потоа да разговараат со непријателот. Мислам дека треба да дејствуваме во тој контекст, рече Зеленски.

Зеленски рече дека во САД, Европа и Украина се зборува дека Трамп веќе договорил се со Путин, а Украина за тоа дури подоцна ќе биде информирана.

– Тоа нема да се случи, сигурен сум во тоа. „Треба да разбереме дека Украина оди на преговори, а не на ултиматуми од Русија“, нагласи Зеленски.

Според него, таквите ултиматуми ќе станат барања не само за Украина, туку и за целиот слободен свет и „тоа не може да се дозволи“.

Би можело да ве интересира

Трамп сака да ги промени условите на договорот за минерали со Украина

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Одеса е нападната од руски беспилотни летала

Стармер: Путин ќе го раскине мировниот договор ако Украина нема гаранции

Трамп: Наскоро ќе потпишеме договор за минерали со Украина кои имаат огромна вредност

Киевските сили се обидуваат да пробијат четири населени места во близина на границата