Зеленски: Украинските сили ја погодија руската воена логистика, нафтената индустрија и системите за воздушна одбрана

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека украинските сили извршиле напади врз воени и енергетски цели на растојание од околу 300 километри од линијата на фронтот, вклучувајќи објекти во близина на Кримскиот мост, нафтени складишта и радарски системи С-400 и Панцир.

Тој рече дека ова е одговор на руските напади и им се заблагодари на припадниците на украинските безбедносни и специјални сили за она што го нарече прецизна и успешна акција.

– Нашето оружје со долг дострел ја погоди воената логистика, нафтената индустрија и воздушната одбрана на окупаторите. Сето ова е оправдан одговор на бруталните руски напади врз нашиот народ, напиша Зеленски на платформата X.

Би можело да ве интересира

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо