Зеленски: Украина нема да се откаже од ниту еден дел од својата земја, знамето е симбол на надеж за граѓаните

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес по повод Денот на националното знаме изјави дека земјата нема да се откаже од ниту еден дел од својата територија.

Зеленски нагласи дека знамето на Украина е симбол на надеж за граѓаните на привремено окупираните територии.

„Ова знаме е чувство на спасение за луѓето што ги враќаме од руско заробеништво. Кога ќе ги видат украинските бои, знаат дека злото завршило. Ова знаме е цел и сон за многу наши луѓе под привремена окупација. Тие го чуваат, бидејќи знаат дека нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот“, рече Зеленски денес на церемонијата по повод Денот на националното знаме, пренесува украинскиот УНИАН.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on