Зеленски: Украина нема да размени територии за мир

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не знае ништо за какви било тајни договори за принудување на Украина да тргува со територија за мир и инсистира дека Русите мора да бидат повикани на одговорност.

„Не знам за какви договори некаде се разговара, за каква размена на нашите територии. Имаме еден документ – формулата за мир. Имаме една желба – мир. Го формулиравме како што го гледаме. Подготвени сме за отворена дискусија со нашите колеги, за светот да биде на иста страна – на страната на праведен мир со целосно обновување на територијалниот интегритет на Украина“, истакна Зеленски.

Тој рече дека соборувањето на малезискиот авион МХ17, како и масакрите во Буча и Маријупоље, не можат да се заборават, само затоа што поминало времето.

„Во Русија веројатно размислуваат вака: ќе ги заборават овие работи и некако ќе се договориме. Ова е прашање на правда. Нема да дојдеме до никакви договори само така. Некој мора да одговара, а ние ги знаеме имињата на тие луѓе“, рекол претседателот на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск