(ВИДЕО) Зеленски: Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Москва

Од:

Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква кој зависи од Московската патријаршија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој во синоќешното обраќање рече дека Националниот совет за безбедност и одбрана ќе и наложи на Владата да му предложи на Парламентот нацрт-закон со кој ќе се оневозможат активностите на верските организации во Украина поврзани со центрите на влијание во Русија.

Мерките уследија по минатомесечните претреси извршени од украинските безбедносни служби во главниот манастир во Киев, резиденцијата на поглаварот на Украинската православна црква и неколку други верски места, поради сомневање за врски со Москва.

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците