Зеленски: Украина ќе биде подготвена за дипломатија следната година

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Брисел се сретна со лидерите на европските земји и рече дека Украина ќе направи се за да стане силна следната година и дека ќе биде подготвена за дипломатија.

„Правиме се за да ја направиме Украина силна, никој ништо да не ни наметнува и мислам дека ќе успееме во се“, рече Зеленски.

Како што е наведено на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, клучна тема на средбата била како да се зајакне Украина и нејзината позиција на фронтот и во дипломатијата.

Тие разговараа и за зајакнување на украинската воздушна одбрана за заштита на градовите и критичната инфраструктура.

„Има чувствителни работи – зима, енергија. Треба да ги заштитиме. Сега итно ни се потребни 19 системи за противвоздушна одбрана за заштита на дистрибутивните станици“, посочи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?