Зеленски: Украина и САД потпишаа договор за заедничко производство на дронови

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека земјата потпишала документ за заедничко производство на дронови со САД, во кој ќе учествуваат неколку компании.

Зеленски за време на посетата на Данска изјави дека се очекува бројот на дронови да достигне стотици илјади оваа година, а дека производството ќе се зголеми следната година.

„Денес ја започнав мојата посета на Данска со многу важен состанок и потпишување на важен документ. Ова е копродукција меѓу Украина и САД. Ќе бидат вклучени неколку кампањи, фокусирани првенствено на дронови од различни видови“, изјави Зеленски пред новинарите, според украински Интерфакс.

Би можело да ве интересира

Медиуми: На САД им снемуваат ракетите „Томахавк“

САД: Некои ирански лидери повеќе не се на планетата Земја затоа што нè излажаа

Захарова: Зеленски зема милијарди од ЕУ, а им се заканува на лидерите на земјите-членки

Италија им забрани на американските бомбардери да слетуваат во базата на Сицилија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум