Зеленски: Трамп може да одигра одлучувачка улога во запирање на Путин

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, може да одигра одлучувачка улога во исходот на војната со Русија и да му помогне на Киев да го запре Владимир Путин.

„Трамп може да биде одлучувачки во оваа војна. Мислам дека ова е најважното нешто за нас. Тој, неговите квалитети – т.е. тој е способен да биде одлучувачки во оваа војна. Тој е во состојба да го спречи Путин – поточно да помогне да го запреме Путин, тој може да го направи тоа“, рече Зеленски во интервју за украинската телевизија, пренесе Униан.

Зеленски истакна дека веќе имал неколку разговори со новоизбраниот американски претседател и дека, според него, Трамп е „силен и непредвидлив“ и дека се надева дека оваа негова непредвидливост ќе се покаже во однос на Русија.

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?