Зеленски: Специјална и забрзана процедура за членство на Украина во ЕУ

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се обрати попладнево на донорската конференција на ЕУ за Украина со барање за средства и забрзана процедура за членство во ЕУ.

Конференцијата ја организираат Полска и Шведска во рамките на ЕУ. Целта е да се соберат средства за да и се помогне на Украина да се справи со последиците од војната со Русија.

Зеленски се обрати кусо на почетокот на конференцијата со барање за забрзана процедура за членство во ЕУ, што ја нарече „специјална процедура“ за членство.

– Членството на Украина мора да биде апсолутна реалност, не само ветувања и перспективи туку практични чекори, јас го знам тоа, и вие го знаете, мнозинството меѓу вас го разбира ова, изјави Зеленски пред присутните лидери на ЕУ, меѓу кои премиерите на Шведска, Полска, како и претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен.

Премиерот на Украина, Денис Шимал, во својот говор го повтори ова барање, велејќи дека Украина сака членство во ЕУ веднаш, и дека „во одбрана на ЕУ„ ја води оваа војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала