Најмалку 48 украински деца под три години се киднапирани и однесени на Крим или Русија, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека руските сили киднапирале украински деца пред две години за време на повлекувањето.
„Украинските деца не се играчки, иако се чини дека се за руските елити и функционери. Мора да направиме се што е во наша моќ за да ги вратиме украинските деца дома“, рече Зеленски во објавата на Х.
Тој додаде дека е благодарен на партнерите кои и помагаат на Украина во нејзините напори да ги врати децата во земјата.
Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвива-Белова за наводното воено злосторство за депортирање на украински деца.