Украинските власти соопштија дека руските сили го нападнале Запорожје во текот на ноќта и погодиле петкатна станбена зграда.
„Руски терористи го нападнаа Запорожје во текот на ноќта со проектили и погодија петкатница. Уништени се осум станови. Има ранети и мртви“, напиша Володимир Зеленски на X.
„Можеби има луѓе под урнатините. Спасувачките операции се во тек. Мое сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски поради рускиот терор. Таа зла земја ја продолжува својата војна против цивилите. Им благодарам на сите што не молчат и ни помагаат да поминеме ова. Ќе направиме се што е можно за да ја изведеме терористичката држава пред лицето на правдата. Рускиот терор мора да биде поразен“, додаде тој.