Зеленски: Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје за воени цели

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје за воени цели, вклучително и напади врз украински градови и складирање оружје, додавајќи дека електраната досега била целосно без струја 14 пати.

Зборувајќи на Меѓународната конференција за реконструкција и нуклеарна безбедност во Чернобил, Зеленски рече дека руските сили „ја претвориле најголемата нуклеарна централа во Европа во инструмент на војна“, објави украинскиот УНИАН.

„Тие ги гранатираат нашите градови и села од територијата на електраната, таму складираат оружје, муниција и воена опрема, а периметарот на објектот е миниран“, рече Зеленски.

Тој додаде дека градот Енергодар, каде што се наоѓа електраната, е „де факто заложник“, истакнувајќи дека нуклеарната централа Запорожје веќе претрпе целосен прекин на електричната енергија 14 пати.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија