Зеленски разговараше со Бајден и му се заблагодари за поддршката

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал одличен разговор со неговиот американски колега Џо Бајден и му се заблагодарил за неговата „непоколеблива поддршка“.

Бајден вчера најави речиси три милијарди долари нова воена помош за Украина, вклучувајќи противвоздушни ракети, артилерија, одбрана од беспилотни летала и радарска опрема.

Новиот пакет е најголемата транша на американска воена помош до сега, со што вкупниот износ испорачан или ветен на Киев од страна на САД е над 13 милијарди долари.

– Разговаравме за понатамошните чекори на Украина на нашиот пат кон победа над агресорот и за важноста Русија да одговара за воените злосторства, напиша Зеленски на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се