Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека има дискусии за распоредување европски контингент во Украина, но дека тоа не може да биде единствената безбедносна гаранција за Киев.
„Ние разговараме со француската страна, со претседателот (Емануел) Макрон, за европски контингент на територијата на Украина… Ја поддржуваме идејата, но треба да знаеме под кои услови… Таков контингент треба да биде дел за поголем систем на безбедносни гаранции за Украина, но „тоа не може да биде единствениот елемент на овој систем на гаранции, тоа мора да биде нешто повеќе“, рече Зеленски во Варшава по средбата со полскиот премиер Доналд Туск.
Запрашан за идните безбедносни гаранции за Украина, вклучително и идејата изнесена од Макрон за испраќање мултинационален воен контингент во Украина, Зеленски истакна дека е неопходно да се има целосна карта на безбедносни гаранции за Украина, каде воениот контингент ќе биде само дел. од него, пренесува агенцијата ПАП.