Зеленски: Предлогот за средба на лидерите во Ватикан останува отворен

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во моментов само Москва го отфрла предлогот за одржување состаноци на ниво на раководството на двете земји во Ватикан.

По средбата со папата Лав XIV во Италија, тој рече дека предлогот за состаноци на ниво на лидери во Ватикан за запирање на руската агресија и постигнување стабилен, траен и вистински мир „останува отворен и апсолутно можен“, објавува Укринформ.

„Во моментов, само Москва го отфрла овој предлог, како и сите други мировни предлози. Ќе продолжиме да градиме глобална солидарност за да може дипломатијата да продолжи да функционира“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој му се заблагодари на папата за неговата поддршка за украинските деца, вклучително и оние вратени од руско заробеништво.

„Украинските деца имаат можност да се рехабилитираат и да се одморат во Италија, а таквото гостопримство и искреност се исклучително важни. Денес разговаравме за понатамошните напори на Ватикан за враќање на украинските деца киднапирани од Русија“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски