Зеленски: Предавањето не доаѓа во предвид

Од:

Украина го одбележа Денот на независноста во услови на продолжената руска агресија, а претседателот Володимир Зеленски ја истакна решителноста на украинскиот народ да не се покори, додека земјата доби нова воена поддршка од Европската Унија и Велика Британија.

Зеленски ги пречека странските гости на плоштадот пред Соборниот храм „Света Софија“ во центарот на Киев, каде што им оддаде почит на украинските војници и воени доброволци. На дел од нив признанијата им беа доделени постхумно.

Украинскиот претседател порача дека независноста на неговата земја е родена од стремежот кон слобода.

„Тоа е сон сами да го обликуваме својот живот, да обезбедиме нашите деца да не станат асфалт под нечии чизми, под нечии тенкови, под нечие царство. Денес можеме да кажеме дека, докажано со силата и истрајноста на нашиот народ во оваа војна, Украинците нема да се покорат“, порача Зеленски.

Неговата главна порака беше дека предавањето не е опција за Украина.

Поради опасноста од руски воздушни напади, за Денот на независноста не беа организирани големи масовни настани. Централниот настан во Киев беше гала-концерт во операта.

Во други делови од земјата беа организирани помали настани, концерти, изложби на ракотворби и маратон. Голем дел од граѓаните, сепак, продолжија со своите редовни работни обврски, бидејќи државните празници во Украина се суспендирани поради воената состојба.

Би можело да ве интересира

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во рускиот неделник „Литературнаја газета“

А1он

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин