Зеленски прати „поздрав“ до Трамп : Ако некој сака да ме замени во овој момент, во тоа нема да успее

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој не ја коментира популарноста на политичките лидери, но дека според последните анкети, 58 отсто од Украинците имаат доверба во него.

„Ако некој сака да ме замени во овој момент, во тоа нема да успее“, рече тој.

Зеленски, исто така, предупреди на „голема количина на дезинформации кои доаѓаат од Русија“ и тврди дека такви информации се споделуваат и во САД.

„За жал, претседателот Трамп, со сета почит кон него како лидер на земја што длабоко ја почитуваме, живее во овој балон на дезинформации“, рече тој.

Тој најави дека украинските власти ќе соберат повеќе податоци за довербата во клучните светски лидери за да се спротивстават на руската пропаганда. Тој, исто така, предупреди на „кругот на дезинформации околу претседателот Трамп“, за кој тврди дека вклучува претставници поврзани со унгарската и словачката влада.

„Сето ова е загрижувачко. Се што прават е со цел да ја ослабат Украина“, заклучи Зеленски.

Да потсетиме, Трамп синоќа изјави дека Украина има три години да постигне мировен договор и дека со Украина управуваат луѓето кои дозволиле војна.

Тој исто така изјави дека Зеленски има 4 отсто поддршка од гласачите, иако последните анкети покажуваат околу 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Орбан го предупреди Зеленски: Ќе ја „пробиеме“ нафтената блокада, не се плашам од закани по мојот живот

Горан Наумовски