Зеленски: Повеќе од 100.000 руски окупатори се во Украина

Од:

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Украина има повеќе од 100.000 руски окупатори, јави украинската државна агенција Укринформ.

Зеленски оваа информација ја сподели во разговорот со индискиот премиер, Нарендра Моди.

„Разговарав со индискиот премиер Нарендра Моди и го информирав за текот на гнасната руска агресија на Украина. Повеќе од 100.000 окупатори се наоѓаат на наша територија. Подмолно пукаат врз станбени згради. Ја повикав Индија да ни даде политичка поддршка во Советот за безбедност на ОН. да го запреме агресорот заедно!“ напиша Зеленски на Твитер.

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 24 февруари ја најави и веднап го нареди почетокот на специјалната воена операција во Украина. Веднап потоа, руските ракети погодија голем број украински градови и беа нападнати воените објекти на украинските вооружени сили.

Врховната Рада исто утро го одобри указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба низ Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски