Зеленски потпиша указ за санкции против Путин

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за воведување санкции против поединци, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин. Имено, во указот се наведени лицата против кои се воведуваат санкции, а на прв е рускиот претседател. На списокот се и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рускиот премиер Михаил Мишустин, рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев и други руски претставници. Како што е наведено, санкциите се наметнуваат на неодредено време.

Списокот на мерки вклучува одбивање и укинување на визите, примена на други забрани за влез на територијата на Украина, конфискација на државни награди на Украина, блокирање на имот на територијата на Украина, доколку ги има, ограничување на трговските операции, спречување на повлекување капитал од Украина. Се воведуваат санкции и за 236 руски универзитети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Зеленски го назначи новиот командант на копнените сили на Украина

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски