Зеленски одлучува за барањето на граѓаните за легализација на геј браковите

Од:

Петицијата за легализација на истополовите бракови во Украина ја потпишаа повеќе од 28.000 луѓе, што значи дека предлогот ќе биде доставен на разгледување до претседателот Володимир Зеленски, јавува Би-би-си.

Во Украина, секоја петиција што ќе собере повеќе од 25.000 потписи се поднесува до претседателот на разгледување, но не мора да гарантира промени во сегашното законодавство. Една од украинските ЛГБТ организации изјави дека петицијата претставува „важен момент“ за сите членови на оваа заедница.

Иако хомосексуалноста е легална во Украина, сè уште не се признаваат истополовите бракови и истополовите заедници, што им создаде дополнителни тешкотии на припадниците на ЛГБТ заедницата од почетокот на руската инвазија на оваа земја. Според сегашниот украински закон, луѓето во истополови врски немаат право да ги бараат телата на нивните партнери по смртта.

„Важно е ЛГБТК луѓето да имаат право да го видат својот партнер и да го подигнат неговото тело од мртовечницата, како и да бараат компензација доколку е потребно“, изјави за Би-Би-Си менаџерката за комуникација со медиумите на Киев Прајд, Оксана Солонска.

„Сите брачни парови ги имаат овие права. Навистина се надеваме дека истополовите бракови ќе бидат легализирани, за да можат луѓето да се грижат еден за друг“, додаде таа.

Членовите на ЛГБТ заедницата во Украина често се жртви на хомофобија, неприфаќање и насилство. Во 2015 година земјата донесе закон со кој се забранува дискриминација на работното место, што ја вклучува и сексуалната ориентација, додека во 2013 година во Киев се одржа првата Парада на гордоста. Минатогодишната Парада на гордоста во главниот град на Украина собра, според организаторите, околу 7.000 луѓе.

Според истражувањето спроведено од Киевскиот меѓународен институт за социологија, бројот на луѓе кои негативно гледаат на ЛГБТ заедницата е намален во последните шест години од 60,4 на 38,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина