Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде максимално подготвено за да се стави крај на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека оваа недела претставници на таа земја ќе имаат неколку меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, и дека од украинска страна „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“.

„Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што можат да бидат платформи за разговори со Русите“, рече Зеленски.

Тој рече дека е важно земјите партнери на Украина да го потврдат ова.

„Во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на САД, да извршат притисок врз Русија“, нагласи Зеленски.

Според Зеленски, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини, со цел да се принуди Русија да ја заврши војната.

„Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим – Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на партнерските земји. Очекуваме дека наредните недели ќе бидат многу активни“, додаде Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори