Зеленски: Никогаш нема да им простиме на руските војници одговорни за злосторствата во Буча

Од:

Украина никогаш нема да им прости на руските војници одговорни за злосторствата во Буча, рече Володимир Зеленски за време на комеморацијата на годишнината од повторното заземање на градот по 33 дена окупација.

По повлекувањето на руските сили, на улиците на Буча беа откриени тела на цивили, а тој град стана синоним за руска бруталност.

Украинските власти проценуваат дека во ослободените области на киевската област загинале 1.137 цивили, од кои 461 во Буча. Меѓу жртвите имало и 37 деца. Меѓународните истражители собираат докази за масакрот во тој град. Ројтерс пишува дека денес Буча е полн со живот; млади семејства се шетаат низ централните улици, а наоколу се слушаат звуци на градежни работи.

Но, низ градот сè уште се видливи лузни од војната, како што се уништени згради и депонии полни со уништени автомобили и воени возила. Оградите долж улицата Јаблунска, каде што беа убиени десетици цивили, сè уште имаат дупки од куршуми. Русија негира дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Буча.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор