Зеленски: Нема знаци дека Русија се подготвува да ги прекине непријателствата во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема знаци дека Русија се подготвува да ги прекине непријателствата во Украина.

– Tие ги движат своите трупи и сили на начин што укажува на започнување нови офанзивни операции, рече Зеленски повикувајќи се на извештај на украинската разузнавачка агенција, објави Ројтерс.

Зеленски претходно изјави дека територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја прекине војната во Украина и дека бидејќи Москва ја продолжува војната, таа заслужува посилен глобален притисок.

„Русија одбива да го запре убивањето и затоа не смее да добива никакви награди или бенефиции. Ова не е морална, туку разумна позиција. Отстапките (на територија) нема да го убедат убиецот, само силната заштита ќе го направи тоа“, напиша Зеленски на својот профил X.

Тој оцени дека „мир преку сила“ е единствениот мир што може да се постигне со Русија, додавајќи дека се работи дење и ноќе на ова. Тој изјави дека украинските сили држат позиции на фронтот и прават сè што е потребно за да го „уништат или протераат непријателот“, пренесува Танјуг.

„Во последната недела, Русите извршија повеќе од 1.400 воздушни напади врз Украина и продолжија со ракетни напади. Ги браниме животите на нашите луѓе и ја зајакнуваме воздушната одбрана. Вака изгледа воена ситуација. И дипломатијата мора соодветно да одговара на ова“, напиша Зеленски.

Би можело да ве интересира

Јавен судир во Украина: Зеленски го обвини Кличко за слабости во одбраната на главниот град

Зеленски: Војната во Украина може да заврши за време на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ

Ердоган: Само Турција може директно да преговара со Путин и Зеленски

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Медведев: Ништо не може да го спаси Зеленски во секој случај

Зеленски го назначи Кирил Буданов за нов шеф на кабинетот, на местото на разрешениот Андриј Јермак