Зеленски: Не гледам докази за повлекување на руските трупи

Од:

Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.

– Гледаме мали ротации. Јас не би ги нарекол тие ротации повлекување на силите од страна на Русија. Не можеме тоа да го тврдиме, изјави Зеленски.

Тој додаде дека „не гледаат никакви промени“.

Претседателот на Украина го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати.

– Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади