Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по рускиот напад врз градот Добропилија во Доњецк, во кој загинаа најмалку 11 лица, дека таквите напади покажуваат дека целите на Русија не се променети и дека затоа е важно да се зајакне украинската воздушна одбрана, како и да се заострат санкциите против Русија.

Тој нагласи дека сè што му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната против Украина мора да биде блокирано.

Зеленски напиша на Фејсбук дека повеќе од 30 лица, меѓу кои пет деца, се ранети во нападот.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден