Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

„Се разбира, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да функционира. На Украина и се потребни седум системи за воздушна одбрана, тоа е минимумот“, рече Зеленски, пренесува „Украинска Правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на денешниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура – објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем”.

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

Би можело да ве интересира

Се огласи Зеленски и рече дека му е жал за спорот во Белата куќа

Горан Наумовски

Зеленски е подготвен да потпише договор за минерали и безбедност со САД

Горан Наумовски

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа