Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

Од:

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина повика на зајакнување на воздушната одбрана, особено обезбедување на најмалку 10 системи Патриот.

„Денес ви зборувам од Криви Рих. Овој град живее со речиси постојани воздушни напади – од дронови или руски ракети. Најопасната закана се балистичките ракети“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Тој изјави дека кога има балистичка закана, луѓето имаат само неколку минути да стигнат до засолниште.

„Само замислете како е да пуштате дете на улица или едноставно да шетате низ градот знаејќи дека една ракета може да погоди во рок од пет минути од постојано лансирање. Неодамна, во овој град, во Криви Рих, руска балистичка ракета уби 20 луѓе, меѓу кои девет деца“, нагласи Зеленски.

Тој истакна дека Украинците знаат да бидат прецизни и дека веќе научиле да соборуваат голем број руски ракети и беспилотни летала, но дека сега е клучно да се пополни недостигот од системи за противвоздушна одбрана за заштитата да биде помоќна.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Дмитриев: Киев сфати дека ќе добие гаранции од САД по повлекувањето на Украина од Донбас

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија