Зеленски: На Украина и се потребни безбедносни гаранции по војната со Русија

Од:

На Украина и требаат сигурни безбедносни гаранции по војната со Русија, а Киев ќе продолжи да соработува со американската администрација за да најде начин да стави крај на војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зборувајќи по средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека очекува дополнителни состаноци со него и изрази надеж дека специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, ќе го посети Киев во блиска иднина, објави УНИАН.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на САД и Трамп за нивната поддршка за Украина, додавајќи дека ќе работи на „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин и завршување на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Масовен напад во Одеса, најмалку осум лица се повредени

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“

Зеленски: Путин и натаму сака да ја продолжи војната

Петти ден без прекин: Руски дронови повторно го нападнаа Киев

Во украинските напади врз Белгородската област загина цивил, 16 лица се повредени

(ВИДЕО) Украина го нападна Белгород: Двајца загинаа, а 16 лица се повредени

Горан Наумовски