Зеленски му се заблагодари на Бајден за цврстата поддршка за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на својот американски колега Џо Бајден за „цврстата поддршка“ за Украина против руските закани, соопшти украинското претседателство.

Зеленски го поздрави Бајден за неговата „континуирана, цврста и силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја“ и ја повтори неговата непоколеблива посветеност за изнаоѓање начини за постигнување мир, се вели во соопштението.

Бајден денеска телефонски разговарал со Зеленски повеќе од еден час. Во пораката објавена на Твитер, украинскиот лидер напиша дека двајцата разговарале за можниот формат за решавање на конфликтот во источна Украина и за текот на внатрешните реформи во Украина.

Разговорот се одвива во време кога Западот ја обвинува Русија дека трупа војници во близина на границите на Украина.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Зеленски е оптимист во врска со притисокот на САД врз Москва да стави крај на руската агресија врз Украина

А1он

Захарова: Негрижа на Зеленски за животите на Украинците

А1он

Зеленски: САД не ја прекинаа воената помош за Украина

А1он